Кетеринг Услуги Скопје
Денес, кога општеството е насочено кон услуга на клиентот, навремена, пријателска и про-активна услуга е неопходна за подобрување на развојот на бизнисот. Постојат многу начини на креативна изведба , но кетерингот сигурно е една од најсоодветните форми на гастрономско и организациско изразување. Кетеринг службата “Лабруско”постави високи стандарди уште од самиот почеток,
и во изминатите три години постојано ги надградува и проширува своите граници на знаење и изведба , и тоа низ единствената кулинарско-винска димензија.
Да се подготвува храна со љубов и емоции е прв и единствен услов за таа да биде секогаш свежа и вкусна , но и со соодветно вино за истата, кои во вистинска комбинација предизвикуваат хармонија и позитивни експлозии на задоволство . Клиентите на “Лабруско” го почувствувале тоа многу пати. Нашиот едуциран персонал ќе Ви помогне во изборот на вино, и негово спарување со соодветната храна , со што на Вашите гости ќе им покажете дека се грижите за нивните рецептори и непца и дека дошле на едно посебно место во посебно време. Интеракцијата со Вашите гости , професионалната услуга , и широката и искрена насмевка ќе го направат Вашиот настан единствен, и предмет на полемика и разговор уште долго време потоа. Рачно изработени скулптури од мраз со замрзнато овошје, прекрасни аранжмани од цвеќиња,свеќи, декоративни платна и други оригинални декорации се постојана опција на нашите коктел-настани. Сега Ви нудиме три внимателно креирани менија за Вашите потреби, но не застануваме тука, можноста за “скроено” мени по желба на клиентот секогаш била дел од нашата понуда. Сите менија се на принципот “Се вклучено” , а со цел да се опуштите и да не се грижите за дополнителни активности и трошоци.Сепак, ако сакате да уживате во само еден дел од нашето мени(пијалок или само храна) ке ни биде задоволство да ги исполниме Вашите потреби и желби .
За подготовка на својата храна секогаш користиме свежи состојки и суровини од домашно потекло, и во готвењето употребуваме исклучиво ладно цедено маслиново масло.
Букето од виното и вкусот на храната се само неколку начини да се заљубите во гастрономијата , останатите ќе ви ги покажеме ние !!!