27/04/2015
Почитувани,
Здружението Креативни и Активни ве поканува на отворениот форум
"Право на град" на 28-29 Април 2015 со почеток од 09:30 часот во Црвен Kрст -
Струга (Солферино), како дел од проектот "Градот кој (не) спие" Урбана
Резиденција поддржано од страна на Prince Claus Fund for Culture and
Development (Холандија) и во соработка со Општина Струга.
По престојот во Струга, средбите со граѓани, анализи, анкети, работилница
за визуелизација и фокус групи, младите архитекти од Европа за време на
форумот ќе ги презентираат новите урбанистички планови за велосипедски патеки
и нов модерен концепт за градскиот плоштад. Покрај тоа, на овој настан ќе се
дискутира и за долгорочни политики на креирање побогата културна програма
како една од главните алки во општеството.
Гости од странство и од земјава, ќе споделат свои искуства во врска со
правата на градот, заедницата и граѓаните, и заедно ќе се разговара за активни
форми како сите ние да се вклучиме во процесот на донесување на одлуки, за
нови начини како да се направи градот подобро место за живеење почитувајќи ја
јавната удобност.
Затоа, вашата подршка и присуство е од суштинско значење во оваа
иницијатива, за да се создаде нешто убаво и корисно за Струга.
Добродојдени сте!
Со почит,
НВО Креативни и Активни
"Градот што (не) спие" Урбана резиденција
www.creativeactive.org
...we grow together...