Bileti.mk

Bileti.mk Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Bileti.mk, Ticket sales, .

Заради ужасната трагедија која се случи утрово во Бугарија, концертот "Freddie Mercury Tribute" што требаше да се одржи ...
23/11/2021

Заради ужасната трагедија која се случи утрово во Бугарија, концертот "Freddie Mercury Tribute" што требаше да се одржи утре (24.11.2021) се одложува за вторник (30.11.2021) во 20:00 часот. Билетите ќе важат за тој ден. Сите што не се во можност да присуствуваат, можат да ги вратат билетите, со праќање на маил на [email protected].
Упатуваме искрено сочувство до семејствата на настраданите и желба за брзо закрепнување на повредените. нема зборови со кои може да се опише оваа ужасна загуба и трагедија!
Нашите мисли се со вас!

13/08/2021

Starting October 1, all AEG crew and concert attendees will be required to show proof of COVID-19 vaccination.

Одличен концерт со врвниот гитарист Тони Китановски, на 15 август (недела) во Куршумли Ан.Овој концерт е само на само ед...
11/08/2021

Одличен концерт со врвниот гитарист Тони Китановски, на 15 август (недела) во Куршумли Ан.
Овој концерт е само на само еден ден пред да стапи на сила одлуката за влез на настани само со потврда за вакцинација.
Влезниците се со цена од 200 денари.
Концерт што не треба да го прошуштите!

ТОНИ КИТАНОВСКИ @ КУРШУМЛИ АН

СОНЦЕ ЗА ТРИ СВЕТОВИ-минатото, сегашноста и иднината-голем концерт на евергрин македонска музика на платото пред спомени...
19/07/2021

СОНЦЕ ЗА ТРИ СВЕТОВИ-минатото, сегашноста и иднината-голем концерт на евергрин македонска музика на платото пред споменикот МАКЕДОНИУМ во Крушево е проект кој ќе создаде трајни вредности-записи по повод одбележувањето на “30 години независност на Северна Македонија”.
Концертот ќе трае повеќе од три часа и на него ќе настапат 21 исполнители, со 21-еден познат македонски евергрин во нов аранжман и со нова студиска снимка. Помеѓу песните ќе има поетски читања на Водителот Огнен Јанески кој заедно со исполнителите ќе даде белег на овој настан. Ќе настапат ТРИО ЏЕНТЛЕМЕН, Наде Талевска, Елена Петреска, Сара Гигова, Мина Блажев, Денис Димовски, Драгана Јовановска, Васил Ангелов, Марија Спасовска, Огнен Здравковски, Шербет ТРИО, Александра Трајческа.
Влезниците се во ограничен број по цена од 80 денари.
Del Rio Films
K & D Audio
https://www.facebook.com/events/372445460922706

СОНЦЕ ЗА ТРИ СВЕТОВИ - Фестивал на македонска евергрин музика пред споменикот МАКЕДОНИУМ во Крушево по повод 30 години македонска државност

Во чест на јубилејот 30 години македонска независност, ексклузивен концерт на оперската дива Весна Гиновска Илкова во пр...
19/07/2021

Во чест на јубилејот 30 години македонска независност, ексклузивен концерт на оперската дива Весна Гиновска Илкова во придружба на Кристина Светиева, Бобан Мирковски и Ерхан Шукри Квартет.
Неповторлива можност за уживање во арии од македонски автори, традиционални и забавни македонски композиции.
3 август, црква Св. Софија, Охрид, почеток во 20 часот!
Билетите по цена од 200 денари се во ограничен број заради почитување на Ковид протоколите.

едноставен и сигурен начин за да купите или продадете билети за вашиот концерт, спортски или друг вид настан!

Поради голем интерес, концертот на Влатко Стефановски Трио на 5 август, наместо на Долни Сарај ќе се одржи на Антички Те...
17/07/2021

Поради голем интерес, концертот на Влатко Стефановски Трио на 5 август, наместо на Долни Сарај ќе се одржи на Антички Театар!
Влезници онлајн на www.bileti.mk

Влатко Стефановски Трио на Антички Театар

✅Влатко Стефановски Трио најавува врвна музичка претстава на Долни Сарај под ѕвезденото охриско небо!🎸Гитарскиот виртуоз...
12/07/2021

✅Влатко Стефановски Трио најавува врвна музичка претстава на Долни Сарај под ѕвезденото охриско небо!
🎸Гитарскиот виртуоз заедно со извонредните Јан Стефановски и Иван Кукиќ гарантираат возбудливо музичко патување и уживање во добро познатите рефрени.
✅Билетите се во ограничен број заради почитување на Ковид протоколите.
https://bileti.mk/e/vstrio

Влатко Стефановски Трио на Долни Сарај

9 причини зошто Билети е совршен за продажба на влезници👇👇👇
11/07/2021

9 причини зошто Билети е совршен за продажба на влезници
👇👇👇

Даутовски дуо на Lokum Fest Bitola.Десет години од последниот концерт, Драган Даутовски повторно во Битола, на истото ме...
06/07/2021

Даутовски дуо на Lokum Fest Bitola.
Десет години од последниот концерт, Драган Даутовски повторно во Битола, на истото место, овој пат со неговиот син Ратко Даутовски, за љубителите на мистичниот амбиентален звук, ќе ни го претстават нивното последно музичко чедо, Apocalicticum.
Влезниците се по цена од 300 денари и се во строго ограничен број на https://bileti.mk/e/apocalicticum

Имаме изненадување за вас. За првите десет најбрзи, доделуваме гратис билети за концертот Електро Симфонија на Балкан Га...
05/07/2021

Имаме изненадување за вас.
За првите десет најбрзи, доделуваме гратис билети за концертот Електро Симфонија на Балкан Гала Фестивалот што ќе се одржи на 11 јуни на ракометното игралиште во Битола.
Се што треба да направите е да отидете на страната https://bileti.mk/e/electrosymphony и да го випишете кодот “electro“ и да си ја подигнете вашата гратис влезница!
Ви подготвивме и две слики како пример што треба да направите.
Понудата важи денес од 18 часот за првите 10 најбрзи.
Среќно!
Камерен Оркестар на Битола - Chamber Orchestra of Bitola
http://balkangalafestival.com/

✅Картите за Балкан Гала Фестивалот се пуштени во продажба во ограничен број на https://bileti.mk/✅Три различни Гала конц...
24/06/2021

✅Картите за Балкан Гала Фестивалот се пуштени во продажба во ограничен број на https://bileti.mk/
✅Три различни Гала концертни вечери со многу гости артисти од целиот Балкан, придружувани од Камерен Оркестар на Битола - Chamber Orchestra of Bitola составен од над 30 музичари.
✅Уникатна можност да ги слушнете вашите омилени песни и вашите омилени артисти во сосема нови симфониски аранжмани.
https://bileti.mk/e/rocksymphony
https://bileti.mk/e/popsymphony
https://bileti.mk/e/electrosymphony

Продажбата на влезниците за првиот музички Фестивал - "MATKA SUMMER NIGHTS" започна.Гала Концерт НА СПЛАВ со репертоар о...
17/06/2021

Продажбата на влезниците за првиот музички Фестивал - "MATKA SUMMER NIGHTS" започна.
Гала Концерт НА СПЛАВ со репертоар од Оперски арии и дуети и Мјузикл песни и дуети.
Артисти:
Нико Ѓоргиевски - тенор
Полина Тасева - сопран
Александра Митровска - сопран
Мариана Бошковска - мецосопран
Калина Велковска (Kaly)
Дино и Ади Имери - Пијано и ел. Гитара
Андреј Наунов - клавијатури и органа

Публиката концертот ќе може да го проследи од катамарани, чамци, или од ресторанот во близина.
!!! МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ !!!

За прв пат, со посебна гордост и задоволство, ви го најавуваме свеченото Отворање на Летниот Музички Фестивал - "MATKA SUMMER NIGHTS"

Новите времиња бараат нов пристап!Кога организираш онлајн настан, конференција, приватни часови, сесии, советување, курс...
11/06/2021

Новите времиња бараат нов пристап!
Кога организираш онлајн настан, конференција, приватни часови, сесии, советување, курсеви а немаш начин да продадеш влезница или пристап, се што ти треба е платформата www.bileti.mk!

Никогаш не било полесно!

По 14 успешни изданија, со преку седумдесет групи и изведувачи од над дваесет земји, Локум фест Ви го најавува Јубилејно...
11/06/2021

По 14 успешни изданија, со преку седумдесет групи и изведувачи од над дваесет земји, Локум фест Ви го најавува Јубилејното 15-то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал со најголемото име на македонската музичка сцена.

Човекот кој традиционалниот звук го претвори во рок култура и лектира за генерации. Ни претставува големо задоволство да го најавиме Влатко Стефановски Трио на Локум фест 2021.
Билетите се во продажба по цена од 400 денари.

ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО НА ЛОКУМ ФЕСТ 2021

НАСКОРО.... Едноставен и сигурен начин да купите или продадете билети за вашиот настан!Никогаш не било полесно!
09/06/2021

НАСКОРО....
Едноставен и сигурен начин да купите или продадете билети за вашиот настан!
Никогаш не било полесно!

Address


Website

bileti.mk

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bileti.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Bileti.mk:

Shortcuts

  • Address
  • Alerts
  • Contact The Business
  • Claim ownership or report listing
  • Want your business to be the top-listed Event Planning Service?

Share