26/04/2024
Мирјана Мирчевски ,родена и порасната во најубавиот град во Македонија Битола .За себе низ насмевка знае да каже дека никогаш не мислела дека ќе се најде на политичката сцена..Сосема случајно се наоѓа во Единствена Македонија и својата политичка кариера ја започнува како претседателка на Унија на жени во Битола .За потоа да биде избрана како претседателка на Општинскиот комитет во Битола .Во 2019 како претседателка на Унија на жени на Единствена Македонија.Сега е координаторката за битолскиот регион . Кога ја запрашавме како се носи во ова тешко време како жена со толку одговорна функција повторно низ насмевка ни одговори дека ако сака ништо не е тешко . Јас во Единствена Македонија сум веќе шест години ,како мајка и сопруга се сочуваав со доста предизвици како да се најде време и да се подели приватниот живот и активности во партијата . Но гледајќи ја ситуацијата во државата и политичката сцена ми стана јасно дека и требааат нови лица и нови понуди од истите . Единствена Македонија е партија која исклучиво работи за интересите на граѓаните .Медиумски е ограничена и затоа народот не знае многу за неа.Затоа еве Ви благодарам што ми дадовте можност граѓаните од блиску да можат да ме запознаат. Како носител на листа во ИЕ.5 претходно, односно изминатиов период имав многу активности на терен и средби со граѓани од кои сакав да ги слушнам нивните потреби но и размислувања. . Следејќи ги протестите на пензионерите дојдов во контакт со нив и Здружението на пензионери за достоинствен живот и направив средба со претседателот на Здружението господинот Драган Угриновски . За потоа излеземе ние како партија со изјави дека во целост застануваме зад барањата на пензионерите и изработивме предлог закон за измена на законот за пензиско здравствено и инвалидско осигурување и линеарно зголемување од 5000 денари и ги поднесовме во собрание . За жал до денес не е донесен на дневен ред и пензионерите беа оставени да ги чекаат парламентарните избори и им беше дадено ветување дека по истите ќе добијат покачување на пензиите. На средбите кои се одржаа во Битола Кавадарци Прилеп Велес и низ цела Македонија ,ние им предложивме на пензионерите да дел од нашите листи им бидат отстапени и на нив да има пензионери и со тоа директен влез во парламентот и сами да можат да делуваат во парламентот. На листата во ИЕ.5 каде што јас сум носителка има дури 10 коносители пензионери во првите места. Се соочивме со гневот на партијата која е на влас но и други поголеми партии кои до тогаш немаа слух и не им излегоа во пресрет иако беа пратеници во собрание и многу лесно можеа да го изгласаат законот ако сакаа .Но мораше како и секогаш да ги уценат дека ако ги изгласаат повторно дека ќе има покачување на пензииво што јас не верувам. На прашањето што очекува од овие избори и какви ќе бидат резултати на Единствена Македонија Мирчевски ни одговори дека борбата ќе биде многу тешка .Со оглед на средствата кои ги имаат големите политички партии во однос на рекламирање и притисокот кој го вршат врз граѓаните на терен навистина ќе биде тешко. Треба да им се даде можност на помалите партии да допрат медиумски до народот и граѓани да имаат можност да се запознаат со нашата програма и потоа да одлучат дали вреди да се даде глас на кандидатите кои доаѓаат од тие партии.Со овој начин на водење на кампањи се доминира само со двете поголеми партии и иако се ветуваат промени промени нема бидејќи 30 години се истите ликови на политичка сцена и само се заменуваат а тоа не е демократија. На прашањето како ја гледа Битола во моментов Мирчевски ни одговори дека Битола моментално е во очајна состојба. Старата чаршија и дуќаните во неа скоро и да не работат со тоа многу семејства остануваат без своите работни места и основните средства за живот.Младите масовно си заминуваат градот умира.Проблемите со кучињата кои секојдневно ги напаѓаат граѓаните никако да се решат познатиот Широк Сокак е населен од глутница кучиња кои не се згрижени од страна на општината остануваат на улица а со тоа Битола го нема онај сјај кој го имаше порано Состојбата на улиците низ Битола е очајна конкретно кружниот тек кој неодамна се изгради и веќе претставува голем проблем во сообраќајот едноставно возила заглавуваат на истиот . Мирчевски додаде дека се чуди како не се срамат актуелните пратеници од Битола кои се во парламентот и со кое лице повторно ја бараат довербата од граѓаните за да продолжат да прават ништо и понатаму ?На краjот Мирчевски додаде дека се надева дека граѓаните ке донесат правилна одлука и со тоа ќе дадат свој придонес за вистински промени во државата а не празни ветувања и менување на гарнитури кои претходно сме ги виделе и знаеме што можат да направат, само секои избори нови програми и ветувања а кога ќе се дојде на власт забораваат на народот и државата. Нашата програма е следна- Донесување на закон на измена на закон за пензиско и инвалидско осигурување и и покачување на пензиите линеарно 5000 денари.Раскинување на Преспанскиот договор бидејќи е нелгитимен и враќање на името на Република Македонија. Продолжување на преговорите со Европската унија но не по цена на вметнување на бугарите во уставот . Развој на земјоделието и подршка на земјоделците и поттик на младите да не ги напуштаа руралните средини преку субвенции и овозможување на започнување на свој бизнис. Вложување на средства за развој на туризмот во Охрид и Струга преку субвенции за туриститичките агенции и нивно рекламирање надвор од државата . Вложување на средства во Преспа за заштита на Преспанскиот езеро кое ако не се заштити за неколку години нема да го имаме а е вистинска природна реткост .Многу има да се направи за оваа држава само ако се сака додаде Мирјана Мирчевски само треба добра организација на средствата и насочување на инвестиции на вистинските места а не како што досега се навикнати политичарите да ги крадат парите и да ги обезбедуваат своите семејства . Македонија има потенцијал да прерасне во држава во која докторите ќе сакаат да останат и да работат а не да заминувате во странство во Битола веќе и да нема доктори болницата воопшто и не работи како што треба.Затоа на гласачите им порачувам да гласаат за својата иднина и да не подлегнуваат на закани бидејќи само така ќе ја насочат Македонија на вистинскиот пат заврши Мирчевски .