27/11/2024
Aeoniumi се речиси кралски род сукуленти. Растение со неверојатна трансформација и убавина.
Aeonium е сукулент од семејството Crassulaceae, доаѓа од грчкиот збор Aionios што значи вечен - издржлив. Во природата има околу 34 видови, плус многу култивари и хибриди. Потекнува од Северна Африка и е распространет по Медитеранот.
"Ова се сукуленти кои обично имаат розети направени од восочни лисја на голо стебло, но има и такви кои изгледаат како плишани, кои се лепливи на допир со повеќе или помалку влакна. Во зависност од видот, лисјата можат да бидат од потемни нијанси на бордо до речиси црни, до шарени кои се особено атрактивни."
Листовите во розетите се разновидни: од тенки и тесни до дебели, од остри до заоблени, од восочни до плишани. Исто така, можат да бидат лепливи и влакнести. Боите на листовите во пролет и лето се приближно исти за сите (и тогаш најлесно се утврдува ID), но есен - зима има голема разлика, дали е континент или медитеран во прашање.
Одгледувањето и одржување на Aeoniumite е релативно лесно, ако се придржувате до некои основни правила кои важат за сите сукуленти: малку вода, многу светлина и сонце за одредени видови.
Почвата треба да биде пропустлива и богата со хранливи материи.
Aeonium е растение кое има свој развоен циклус на температура од 18-24°C. Тоа значи дека најмногу расте во пролет и есен, иако расте и во зима, но побавно.
Во зима му е потребно светло и ладно место, со температура од 6-12°C. Постарите примероци на Aeonium поднесуваат краткотрајни лесни минуси, но само ако се целосно суви. Младите и штотуку вкоренети примероци во зима сепак треба да се заштитат и да се внесат во затворено каде што не смее да има минусни температури.
Како надвор, така и во домашни услови во зима расте побавно. Потребата за вода во тој период е поголема. Кога листовите ќе се обесат или ќе се збрчкаат, потребно е да се наводнуваат, но не така што водата ќе протече низ саксијата, туку малку по малку, па ако е потребно, подобро е по неколку дена да се повтори наводнувањето, отколку да се натопи.
Летото е време на хибернација или мирување и потребата за вода е минимална, но тоа не значи дека за време на големи горештини не треба да се наводнува.
Летото се бранат од топлината со затворање на розетите.
Листовите ги отфрлаат во зима ако се во затворен простор. Иако кај нив е карактеристично да ги отфрлаат листовите во текот на целата година, особено во времето кога создаваат нови розети. И во пролет и во есен.
Летото одредени видови (Arboreumi) можат да бидат на целодневно сонце, оние со шарени листови најмногу сакаат утринско сонце, Tubuliforme е подобро да се смести во полусенка, бидејќи на сонце ќе пропадне.
Aeoniumi најчесто цветаат со жолти цветчиња од розетата. Пожелно е целата цветна гранка да се отстрани бидејќи постои можност за умирање на целото растение. Некои aeoniumi умираат по цветањето, и тоа од родот Simsii. Но, тие даваат многу семиња, па така под умреното растение никнуваат нови растенија.
👉Цена под секоја слика.
👉За повеќе информации пишете во порака
🚛Подигање од Прилеп, а праќаме и по карго
👉Минимална сума на нарачка за праќање по карго е 500ден.
👉Нарачки во порака или на 078405186 и Вибер