Prudensa е комбинација на онлајн едукација и пракса. Што значи дека целта не е да “бубаш” теорија, туку веднаш во пракса да го примениш знаењето што си го стекнал за време на обуката.
Prudensa е резултат на многу години онлајн и офлајн работа во маркетингот и медиумите, создаден со цел да ти овозможи брзо стекнување на знаења за дигиталниот маркетинг и да ја разбереш големата слика како успешно да започнеш да работиш на повеќе канали на промоција.
Започнувајки од 1 септември 2 пати неделно ќе добиваш нови обуки и предавања кои ќе покриваат дел од материјалот на курсот кој го посетуваш. Секоја обука и предавање се состои од практични примери и упатства кои објаснуваат, чекор по чекор, како веднаш да го направиш тоа што е потребно.
Се ова е презентирано и поставено чекор по чекор. Твое е да ги следиш чекорите со гледање на дел од видео обуките и предавањата, потоа изработиш решиш тест или задача и така минуваш низ сите модули. Сè е многу едноставно и имаш инструкции и поддршка во учењето.
На овој начин постепено го поминуваш целиот курс како тебе ти одговара. Можеш да учиш секој ден по малку или пак за време на викендите да поминеш повеќе за неколку часа. Ти решаваш кога, како и со кое темпо ќе учиш.
По завршување на секој дел од курсот за дигитален маркетинг, решаваш практични задачи. Секогаш можеш да поставиш прашање ако негде заглавиш, но, исто така и да видиш што направиле другите студенти.
Онлајн курсот е најдобриот начин да совладаш определена тема во дигиталниот маркетинг.
Дополнително со практична hands-on работа, веднаш по секој час претставува најквалитетнтата и најбрза метода на учење.
Кај нас секоја лекција и модул може да ги видиш неограничен број на пати, се додека не ти е сосема јасно што треба да направиш во пракса – и тоа веднаш.
По завршувњето на курсот можеш да ја продолжиш едукацијата и да присуствуваш на сите практични работилници.
Пракса
Практичниот дел од секој курс се одржува во живо на нашата затворена Facebook група, тука сите работилници можеш да ги гледаш во реално време. Потоа можеш да се навраќаш на снимките од работилниците со практична работа на нашите Facebook и YouTube канали.
Како студент учествувааш со поставување прашања преку Facebook групата затоа не е важно каде си, секогаш можеш да се вклучиш во работилниците!
Со својот пример учествуваш во практичните работилници.
Во текот на 1-2 часа колку трае работилницата, твојот пример се разработува и заедно се предлага најдобра стратегија за да веднаш започнеш да го практикуваш наученото. Така може да добиеш повратна информација не само од нас, туку и од сите студенти.
Заедно ги прилагодуваме термините на практичните работилници на желбите и распоредот на секој студент. Секој понеделник испраќаме прашалник до секој студент, кога си слободен да учествуваш во практичната работилница.
Исто така, снимките од практичните работилниците остануваат доживотно достапни за тебе како наш студент.
На овој начин знаеме дека ќе имаш доволно време за секоје поглавје и успешно ќе го совладаш материјалот.
Повеќе на https://prudensa.com/