Академија за судии и јавни обвинители Павел Шатев

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Академија за судии и јавни обвинители Павел Шатев

Академија за судии и јавни обвинители Павел Шатев Академијата го задржува правото да ги брише недолични?

Соопштение
17/07/2024

Соопштение

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во IX генерација слушатели на почетна обука, Ве известуваме дека на ден 12.7.2024 година беше одржана 215та седни

Информативен работен состанок на заменикот на директорот на АСЈО, судија м-р Илир Исени со вработенитеНа 215-та седница ...
17/07/2024

Информативен работен состанок на заменикот на директорот на АСЈО, судија м-р Илир Исени со вработените

На 215-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, која се одржа на 12 јули 2024 година, директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска поднесе неотповиклива оставка и истата беше едногласно прифатена од страна на сите присутни членови на Управниот одбор. Согласно член 18 став 5 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители (Службен весник бр. 129/2023 и 53/2024) до именувањето на нов директор, но не подолго од три месеци, должноста ја врши заменикот на директорот, почнувајќи од 13 јули 2024 година.

Новонастанатата ситуација беше повод за денешниот состанок кој го свика заменикот на директор на АСЈО, судија м-р Илир Исени, со цел координација и непречено одвивање на тековните активности и работни процеси на институцијата.

Заменикот на директор, судија м-р Илир Исени на состанокот ги извести вработените дека во рамките на своите законски надлежности ќе продолжи да ги извршува работните обврски кои произлегуваат од неговата позиција, а воедно, активно ќе учествува и ќе ја следи понатамошната реализација на активностите на АСЈО.

Воедно ги охрабри вработените да продолжат со извршување на нивните работни обврски согласно Законот и подзаконските акти на Академијата, се со цел да не се појави застој во секојдневното функционирање на АСЈО и веќе започнатите процеси да се одвиваат успешно како и до сега.

https://jpacademy.gov.mk/%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%bc/

БОРБА ПРОТИВ СИТНАТА КОРУПЦИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА18-20 јуни 2024 година, Скопје, Северна Македонија — Академијата за ...
24/06/2024

БОРБА ПРОТИВ СИТНАТА КОРУПЦИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

18-20 јуни 2024 година, Скопје, Северна Македонија — Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија и УНОДЦ заеднички спроведоа сеопфатна работилница за обука во Скопје, за справување со ситната корупцијата.

Работилницата е дел од проектот „Борба против ситна корупцијата“, кој има за цел да воспостави и имплементира Програма за обука за антикорупција за судии, обвинители и службеници за спроведување на законот со крајна цел да го зајакне капацитетот на практичарите од Северна Македонија да идентификуваат , истражува, гони и суди случаи на корупција на ниско ниво. Ваквата вежба се очекува да биде успешен модел што ќе се повтори во целиот регион на Југоисточна Европа.

Сесијата за обука, дизајнирана со практичен пристап, им обезбеди на идните судии и обвинители сеопфатен сет на вештини. Опфати низа релевантни теми, вклучувајќи релевантни национални антикорупциски закони, регулативи, најдобри практики, иновативни методи за откривање и истражување на корупција од мал обем и ефективни стратегии за гонење. Овој практичен фокус гарантира дека учесниците се добро подготвени да се справат со случаите на корупција во реалниот свет.

„Перцепцијата на јавноста и меѓународната заедница за корупцијата во нашата земја, како и препораките од сите релевантни органи и институции претставуваа силен мотив за нас како институција да преземеме дополнителни чекори во рамките на нашите професионални активности и да придонесеме за борбата против ситната корупција Резултат на овие напори е соработката меѓу Академијата и УНОДЦ и овој проект“, рече директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска.

Имено, оваа заедничка иницијатива помеѓу Академијата и Регионалната канцеларија на УНОДЦ за Југоисточна Европа (РОСЕЕ) се усогласува со Регионалната програма на УНОДЦ за Југоисточна Европа (РПСЕЕ), зајакнувајќи ги пошироките напори за борба против корупцијата и обновувањето на имотот во регионот и на глобално ниво.

Програмата за обука означува значителен напредок во подготовката на идните судии и обвинители за соочување со корупцијата на ниско ниво во Северна Македонија. Оваа иницијатива, финансирана од Соединетите Американски Држави, Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот, дава значаен придонес кон постигнување на ЦОР 16, конкретно Целта 16.5, која се фокусира на значително намалување на корупцијата и поткупот во сите форми.

После завршување на обуката беа предвидени сертификати за учесниците кои им беа доделени на слушателите од осмата генерација во почетна обука на Академијата.

Линкот до Веб страната на УНОДЦ https://www.unodc.org/southeasterneurope/en/all-stories-june-2024-combating-low-scale-corruption-in-north-macedonia.html

https://jpacademy.gov.mk/%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b1%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2-%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%80%d1%83%d0%bf%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%b5%d0%b2/

Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска присуствуваше на 33 состанок на Советодавното тело на ЕР...
19/06/2024

Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска присуствуваше на 33 состанок на Советодавното тело на ЕРА (Borad of Trustees)

Во улога на член на Советодавното тело (Borad of Trustees) на Академијата за европско право (ЕРА), директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, беше дел од 33 состанок на ова тело кој се одржа на 14 јуни 20224 година.

На состанокот беше потпишан договорот од страна на Србија за пристапување во ЕРА Фондацијата, а воедно се избираа и претседавач и заменик претседавач на новиот Одбор.

Состанокот го водеше Жан-Филип Ражад, директор на ЕРА кој ги образложи идните стратешки приоритети на ЕРА како и Акцискиот план за 2024 година.

Една од темите која станува се поактуелна во ЕУ е секако дигиталната трансформација во правосудството и новите трендови во информатичката технологија, па присутните на состанокот разговараа и за влијанието на вештачката интелегенција врз спроведувањето на обуките наменети за правните професии.

Присутните на состанокот ги разгледаат можностите и дадоа свои идеи за понатамошното унапредување и развој на програмите за обука кои во прв план ќе ги следат трендовите при изборот на методолигиите и креирањето на нивните содржини.

На состанокот членовите дискутираа подеднакво, како за успесите така и за недостатоците кои се појавиле при реализацијата на програмата од 2023 година, а беа отворени и повеќе прашања за нови идеи поврзани со темите како што се: правото на азил и миграција, трговското право, уставното право и човековите права, судската соработка во граѓанска материја, семејното право, трудово право и т.н.

Членовите на овој состанок се осврнаа и на соработката со универзитетите бидејќи таа има прилично важна улога во постигнувањето на целите, кои посебно пред себе ги поставиле институциите задолжени за спроведување на правосудна обука и селекција и регрутација на идните судии и јавни обвинители.

https://jpacademy.gov.mk/%d0%b4%d0%b8%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%84-%d0%b4-%d1%80-%d0%bd-2/

Состанок на претставници на Академијата со г. Иван Калабуиг Вилиамс, проектен менаџер на Проектот за јакнење на напорите...
13/06/2024

Состанок на претставници на Академијата со г. Иван Калабуиг Вилиамс, проектен менаџер на Проектот за јакнење на напорите за враќање на имотот при Мисијата на ОБСЕ

Држаниот советник на Академијата, м-р Сања Пандилов и јавниот обвинители Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, која воедно е и предавач на Академијата, на 12 јуни 20224 година, во просториите на Академијата одржа работен состанок со г. Иван Калабуиг Вилиамс, проектен менаџер на Проектот за јакнење на напорите за враќање на имотот и Беса Имери Исмаили, виш проектен асистент.

Повод за состанокот беше вонбуџетскиот проект на ОБСЕ за борба против транснационалниот организирн криминал и корупција преку таргетирање на нелегалниот профит на криминалците кој се надоврзува на резултатите од претходниот вонбуџетски проект со наслов „Зајакнување на борбата против транснационалниот организиран криминал во Југоисточна Европа“.

Проектот чија реализација е предвидена во период од 2022 до 2025 година, го спроведува Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Канцеларијата на координаторот за екнономски и еколошки активности на ОБСЕ, и истиот е финансиски поддржан од Австрија, Германија, Италија и САД.

Целта на Проектот е да ги поддржи Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија во нивните напори за враќање на имотот. Овој проект го проширува својот опсег вклучувајќи ги и Молдавија и Украина.

Проектот се осврнува на недостатоците и потребите на вклучените земји учеснички во идентификација, следење, заплена и конфискација на имотот; управување со имотот и повторна употреба на имотот.

Примарни корисници на проектот се практичарите од областа на спроведувањето на законите и правосудството како што се припадници на релевантни полициски оддели, судии и обвинители.

Имајќи предвид дека Академијата за судии и јавни обвинители е единствената институција во државата која обезбедува професионална обука за правосудството, а еден од очекуваните резулитати од проектот е зголемување на капацитетите токму на практичарите за систематско идентификување на имотот стекнат по пат на криминал и примена на мерките за заплена и конфикасција на имот, целта на состанокот беше да се дефинираат заедничките активности кои Академијата и Мисијата на ОБСЕ ќе ги резлираат во заедничка соработка.

Од страна на државниот советник, м-р Пандилов и јавната обвинителка Катерина Коларевиќ беа презентирани резултатите од досегашните соработка на темата конфискација, на претставниците на Мисијата на ОБСЕ има беше предочена законодавната рамка, а воедно беа разгледани и недостатоците кои се јавуваат во праксата.

Во насока на создавање на реална перцепција за состојбиге во однос на конфискацијат и повратот на имотот во нашата држава, државниот совентик на Академијата, истакна дека нашата држава прави напори и посветува внимание на темата, додека Академијата во рамките на својата улога обезбедува професинална едукација преку ореганизирање семинари, учество во проектни активности, учество во издавање на публикации, се со цел да ги доближи најдобрите практики и европски решенија до националните судии и јавните обвинители.

„Како институција задолжена за професионална обука во правосудството, но и како единствената институција која е задолжена за селекција и едукација на идните судии и јавни обвинители, силно веруваме дека преку нашата инволвираност во меѓународни проектни активности даваме позитивен придонес и одговори на многу дилеми и прашања со кои се соочуваат националните правни практичари во извршувањето на својата секојдневена работа.“ истакна м-р Пандилов.

На состанокот беа разгледани можностите и проектните активности во кои заедно ќе делуваат Академијата и Мисијата на ОБСЕ со цел успешна реализација на проектот.

Претставниците на Мисијата на ОБСЕ ја изразија својата силна поддршка за работата на Академијата и потврдија дека и во иднина, како нејзин партнер, ќе реализираат заеднички активности кои се од суштинска потреба за унапредување на правосудството во Република Северна Македонија.

Следниот состанок на Академијата и преставниците на Проектот при Мисијата на ОБСЕ е предвиден да се одржи во месец јули 2024 година кога подетално ќе се прецизираат активностите и начинот на нивната реалзиција.

https://jpacademy.gov.mk/%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d1%98/

Директорката на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска присуствува на Генералното собрание на Европската мрежа за прав...
12/06/2024

Директорката на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска присуствува на Генералното собрание на Европската мрежа за правосудна обука во Брисел



Во период од 11 до 13 јуни 2024 година во Брисел ќе се одржи Генералното собрание на Европската мрежа за правосудна обука на кое присуствува и директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамајновска.

Генралното собрание се одржува под покровителство на Белгиското претседателство со Советот на Еворпската унија, а домаќин е Инсититутот за правосудна обука на Белгија.

На генералното собрание ќе бидат разгледани релавнтните документи за организацијата и работата на ЕЈТН, ефикасноста од спроведувањето на нивните програми, а воедно ќе бидат дискутирани и идните предизвици во рамки на ЕЈТН. Исто така, во рамките на овие три дена ќе биде презенитирана и Директорската конференција 2024 година под идното Унгарско претседателство со Советот на Европската унија, како и следното Генерално собрание кое ќе биде под покровителство на претседателството на Полска со Советот на Европската унија.

Одржан регионален натпревар на тема: Современи прашања за човековите праваВо организација на Академијата за судии и јавн...
27/05/2024

Одржан регионален натпревар на тема: Современи прашања за човековите права

Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители и Правосудната академија на Турција во соработка и со финансиска поддршка на ТИКА, ДКАФ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 22 мај 2024 година се одржа регионален натпревар посветен на совемените прашања за човековите права на кој учествуваа 10 земји од регионот со свои претставници.

Академијата за судии и јавни обвинители беше домаќин на овој настан како резултат на освеното прво место на натпреварот кој се одржа во 2022 година во Анталија, Турција. Секој земја учесничка беше преставена од свој тим кој го сочинуваа слушатели на почетната обука или новоизбрани судии и јавни обвинители, кадри на правосудните академии од регионот. Тимовите беа предводени од своите ментори, а темата беше одбрана најмногу поради фактот што дел од земјите учеснички чии аспирации се членството во ЕУ треба да се подготват навремено за ефикасна примена на ЕКЧП и почитување на праксата на ЕСЧП. Секако, овој настан претставуваше и одлична можност за размена на искуства со земјите кои се веќе дел од ЕУ и го применуваат европското право во своите национални законодавства.

Настанот го отвори проф. д-р Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители која изрази задоволство од покажаниот интерес и посака овој натпревар да продоложи и во иднина да се реализира со што ќе прерасне во традиција. На говорницата со свои поздравни зборови се обратија и претседателките на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Весна Дамева и Душица Димитревска кои го поздравија овој настан, ја потврдија поддршката на Советите за работата на Академијата и изразија задоволство што во областа на правосудството се случуваат и вакви професионални настани кои нудат можности за соработка и вмрежување на академиите од регионот.

Во своето воведно обраќање г-а Дамева истакна дека истакна дека регионалната институционална соработка е од особено значење заради компаративна размена на искуства и знаења, а споделувањето на искуства и запознавање со праксата на Европскиот суд за човекови права е во насока на заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот.

Со видео обраќање приустните ги поздрави и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килијан Вал, кој истакна дека Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да го поддржува позитивниот развој на правосудството, додека честитки и зборови за поддршка на Академијата упати и Ирена Џајковска, главен програмски менаџер на DCAF-Женевски центар за управување со безбедносниот сектор која посака успех и продлабочување на понатамошната регионална правосудна соработка.

Вовед во настанот и темата со свое излагање даде Маргарита Цаца Николоска, поранешен судија на ЕСЧП и на Уставниот суд на Босна и Херцеговина која силно подвлече дека познавањето, разбирањето и примената на ЕКЧП и почитувањето на судската праска на ЕСЧП се исклучително важни во одговорот на предизвиците со кои се соочуваат човековите права во денешницата.

Тимовите кои се натпреваруваа покажаа подготвеност да се носат со новите правни предизвици преку своите презентации на случаи, одлични презентациски и ораторски вештини. Сепак, првото место на овој натпревар и припадна на правосудната академија на Србија, второто место на правосудната академија од Хрватска, додека третото место го делеа организаторите на настанот академиите на Република Северна Македонија и Република Турција.

Проф. д- Габер Дамјановска како ментор го предводеше тимот од Република Северна Македонија во кој учествуваа Марија Беговиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје, Марко Кржалоски и Лира Бојку, слушатели од осмата генерација во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

Покрај оценките кои беа доделени од жирито за најдобра изведба на тимовите, беше предвидена и награда за најдобар изведувач поединечно која беше доделена на г-а Лира Бојку, слушател од осмата генерација во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

На 23 мај 2024 година на победниците им беа доделени плакети, по што следеа излагањата на проф. д-р Рената Дескоска, праевен факултет Скопје, УКИМ ,судијата Стилијано Биос од Грција и Ахмет Мушереф Јакишик, заменик-раководител на Одделот за човекови права, Министерство за правда на Република Турција кои говореа за актуелните прашња од областа на човековите права, презентирајќи случаи од судската пракса на ЕСЧП, говорејќи за дигитализацијата на судството, еколошки човекови права и т.н.

https://jpacademy.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%bd-%d1%80%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd-%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%b0%d1%80-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d0%bc%d0%b0-%d1%81/

ПРОГРАМА ЗА МЕЃУНАРОДНА ОБУКА НА ТЕМА: СОВРЕМЕНИ ПРАШАЊА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТАкадемијата за...
20/05/2024

ПРОГРАМА ЗА МЕЃУНАРОДНА ОБУКА НА ТЕМА: СОВРЕМЕНИ ПРАШАЊА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ

Академијата за судии и јавни обвинители и Правосудната академија на Турција во период од 22 до 24 мај 2024 година организираат два настана, поточно, регионална конференција и натпревар. Двата настана ќе бидат посветени на современите прашања поврзани со човековите права, а нивната реализацијата е финансиски и логистички поддржана од страна на Турската агенција за соработка и координација-ТИКА, како и од странските партнери и поддржувачи на Академијата: Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор- ДЦАФ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Имено, Академијата за судии и јавни обвинители го освои првото место во 2022 година на натпреварот кој беше организиран во Анакара, Турција, на кој учество зедоа повеќе земји од Западен Балкан на кој учествуваа тимови составени од слушатели на почетната обука од академиите од регионот и новоизбрани судии кои беа водени од страна на ментори. Освоенот прво место е причината поради која академијата и Република Северна Македонија се домаќини на повеќе делегации од регионот кои ќе пристигнат во Скопје и ќе бидат дел од настаните.

На регионална конференција посветена на човековите права свои излагања ќе имаат истакнати правни професионалци од Северна Македонија, Турција и Грција.

Со воведни зборови на присутните ќе им се обратат првите на луѓе на двете академии, претседателите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители на Северна Македонија, како и првите луѓе на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ДЦАФ.

https://jpacademy.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d1%93%d1%83%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b1%d1%83%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d0%bc%d0%b0/

Реализирана работилница за најдобрите практики од областа на извршување на пресудите на ЕСЧП во врска со член 5 став 3 и...
13/05/2024

Реализирана работилница за најдобрите практики од областа на извршување на пресудите на ЕСЧП во врска со член 5 став 3 и 4 од ЕКЧП

Академијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 10 мај 2024 година, во просториите на Академијата, организираа работилница за најдобрите практики од областа на извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на член 5 став 3 и 4 од Европската конвенција за човекови права.

Работиницата се реализираше во рамки на проектот „Поддршка за ефикасни домашни капацитети во извршувањето на пресудите на ЕСЧП (Фаза 1).“

Со поздравно обраќање, присутните ги поздравија: проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, Олег Солдатов, шеф на Програмската канцеларина на Совет на Европа во Скопје, и Рафаела Хаџикуриаку, проектен офциер-правен аналитичар, Совет на Европа.

На работилницата свои излагања поврзани со темата имаа: Даница Џонова, владин агент на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Недим Куленовиќ, правен офицер во Одделот за извршување на пресуди, како и владини претставници и престаставници на локалната самоуправа на Хрватска и судии од Високиот кривичен суд во Загреб.

https://jpacademy.gov.mk/%d1%80%d0%b5%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b4%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b8/

Известување за полагањето на понатамошниот дел од Приемниот испитПочитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прие...
23/04/2024

Известување за полагањето на понатамошниот дел од Приемниот испит

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во IX генерација слушатели во почетна обука,

Ве известуваме дека денес (23.04.2024 година), Приемната Комисија, по претходен заклучок од страна на Управниот одбор ја одржа својата 61-ва седница, на која беше донесена одлука дека процесот на полагање на испити закажани согласно последно утврдената Временска динамика објавена на веб страната на Академијата, се одложува.

Во таа насока, Ве замолуваме редовно да ја следете ја веб страницата на Академијата, каде што ќе ги добиете сите новости за понатамошниот тек од Приемниот испит.

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во IX генерација слушатели во почетна обука, Ве известуваме дека денес (23.04.2024 година), Приемната Комисија, п

Известување за полагање на писмениот дел од практичниот испитПочитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на...
17/04/2024

Известување за полагање на писмениот дел од практичниот испит

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука,

На седницата одржана на ден 16.04.2024 година, Приемната Комисија беше информирана од страна на Академијата дека писмениот дел од практичниот испит најрано може да се одржи на деновите 26, 27 и 28 април 2024 година (петок, сабота и недела) во просториите на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), бидејќи за писмениот испит се потребни простории со компјутери на кои ќе треба да бидат ставени законите потребни за изработка на Пресудите. Од овие причини, Комисијата одлучи дека писмениот дел од практичниот испит нема да се одржи на деновите од 18 до 21 април 2024 година, туку на деновите 26,27 и 28 април 2024 година.

Редовно следете ја нашата веб страница каде што во наредниот период ќе бидат објавени термините за полагање и распоредот по групи.

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука, На седницата одржана на ден 16.04.2024 година, Приемната Комис

Платена обука за борба против корупција и градење на интегритет – Интернационална академија за борба против корупцијата ...
15/04/2024

Платена обука за борба против корупција и градење на интегритет – Интернационална академија за борба против корупцијата (IACA)-

Академијата за судии и јавни обвинители и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во соработка и со финанскика поддршка на ЕУ Проектот „Владеење на правото“, Ви нудат можност за пријавување на онлајн платена обука која ја организира Интернационалната академијата за борба против корупцијата (IACA).

Обука ќе се реализира во месец јуни 2024 година, низ 4 сесии во живо, во времетраење од четири недели. Секоја сесија ќе траее по 90 минути и истите ќе се одржуваат секоја среда и четврток (6, 12, 20 и 27 јуни), во период од 14:00 до 15:45 часот. Петтата недела ќе биде посветена на системски базиран квиз, кој може да се полага во било кое време. По успешно завршување на квизиот се стекнувате со сертификат.

На обуката можат да се пријават офицери за интегритет и службеници кои постапуваат во случаи на превенција и откривање на корупција, како и раководители на сектори/оддели, тим лидери и лица кои имаат раководна позиција на средно ниво.

Одлично познавање на англиски јазик е задолжително.

Повеќе детали за обуката, условите и начинот на пријавување ќе најдете во следниот документ:

Доколку сте заинтересирани можете да се пријавите на следната е-маил адреса: [email protected] најдоцна до 19-ти април 2024 година.

Настани Почетна Monday, der 15. April 2024 Академијата за судии и јавни обвинители и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во соработка и со финанскика поддршка на...

Објавување на резултати од квалификацискиот тестПочитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на IX генерациј...
04/04/2024

Објавување на резултати од квалификацискиот тест

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на IX генерација слушатели во почетна обука,
Ве известуваме дека од 299 кандидати кои го исполнуваа условот да го полагаат квалификацискиот тест, 285 кандидати полагаа, а 14 кандидати не се појавија на тестирањето. Од 285 кандидати кои го полагаа тестот, 276 кандидати успешно го положија тестот, а 9 кандидати не освоија потребен број на бодови за положување на тестот.
Во прилог ги објавуваме и резултатите од квалификацискиот тест.
Дополнително ќе ве известиме за следната фаза за полагање, за таа цел следете ја нашата веб страница.

Новости Почетна Thursday, der 4. April 2024 Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на IX генерација слушатели во почетна обука, Ве известуваме дека од 299 канди...

Распоред за полагање на квалификацискиот тестПочитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели в...
29/03/2024

Распоред за полагање на квалификацискиот тест

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука,

Согласно Временската динамика за спроведување на Приемниот испит, утврдена од Приемната Комисија на ден 18.03.2024 година, полагањето на квалификацискиот тест ќе се одржи во периодот од 01 до 04 април 2024 година во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (Кеј Димитар Влахов бб, Скопје), во свечените простории, на 10-ти кат. Термините за полагање се следни:

Група 1 – 01.04.2024 година (од 10:00 часот до 13:00 часот);

Група 2 – 01.04.2024 година (од 13:30 часот до 16:30 часот);

Група 3 – 02.04.2024 година (од 10:00 часот до 13:00 часот);

Група 4 – 02.04.2024 година (од 13:30 часот до 16:30 часот);

Група 5 – 03.04.2024 година (од 10:00 часот до 13:00 часот);

Група 6 – 03.04.2024 година (од 13:30 часот до 16:30 часот) и

Група 7 – 04.04.2024 година (од 10:00 часот до 13:00 часот)

Во прилог Ви го испраќаме и распоредот за полагање по групи.

Воедно, Ве замолувам со Вас да носите и лична карта или пасош бидејќи ќе бидете идентификувани во пријавница при влезот во зградата, каде што ќе треба да најавите дека ќе го полагате квалификацискиот тест во рамки на приемниот испит во Академијата. Како и претходно, на полагањето треба да дојдете 30 минути пред терминот определен за полагање.

Новости Почетна Friday, der 29. March 2024 Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука, Согласно Временската дина...

Соопштение во врска со поднесена пријава против Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев до Државната Комисиј...
21/03/2024

Соопштение во врска со поднесена пријава против Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев до Државната Комисија за спречување на корупција за прекршување на Изборниот законик

Почитувани, Академијата за судии и јавни обвинители е приморана да реагира во врска со шпекулациите кои се појавуваат во јавноста со цел непотребно да се исполитиз

Известување од Приемната комисија за текот на Приемниот испит и за утврдена нова временска динамика за понатамошниот дел...
18/03/2024

Известување од Приемната комисија за текот на Приемниот испит и за утврдена нова временска динамика за понатамошниот дел од Приемниот испит

Почитувани кандидати за слушатели пријавени на јавниот оглас за прием во IX генерација на почетна обука,

Како што Ви е познато, тековниот Приемен испит за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука имаше застој поради објективни причини кои не настанаа по вина на Приемната комисија и Академијата за судии и јавни обвинители. По полагањето на тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ (англиски, француски или германски) настана застој во постапката поради тоа што беше извесно донесувањето на новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 129/2023) кој предвидуваше промена во редоследот и начинот на полагање на деловите од Приемниот испит. По стапување во сила на новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители, Академијата работеше на изработка на нови подзаконски акти на Академијата кои требаше да бидат усогласени со одредбите од новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители, како и со Законот за психолошка дејност, по што се продолжи со полагањето на Приемниот испит (психолошкиот тест се полагаше на деновите 21 и 22.10.2023 година, а тестот за интегритет на деновите 06 и 07.11.2023 година).

По спроведувањето на тестот за интегритет, Академијата се соочи со нова пречка за полагањето на квалификацискиот тест –договорот за групна јавна набавка на услуги за одржување на софтвер за полагање на испити во државни интитуции беше со истечена важност, па Академијата немаше можност да го спроведе испитот по електронски пат. Академијата се обрати до Министерството за информатичко општество и администрација, на кое му беше дадена обврската за спроведување на нова групна јавна набавка на услуги за одржување на софтвер за полагање на испити во државни интитуции, меѓутоа од Министерството беше известена дека не е склучен анекс договор со претходниот носител на набавка, а спроведувањето на нова постапка е сеуште во рана фаза односно подготовка на тендерска документација. По таквиот одговор, Управниот одбор на Академијата со допис се обрати до Владата на РСМ со детално образложение на настанатата ситуација и барање за изнаоѓање итно интервентно решение. Владата на седница одржана на 26 декември 2023 година донесе заклучок со кој ги задолжи сите институции кои имаат потреба од спроведување на електронски испити, истите да ги спроведат во хартена форма, со електронски читач, до завршување на постапката за јавна набавка на услуги за одржување на електронскиот систем за полагање на испити од страна на Министерството за информатичко опшество и администрација. По разгледување на Заклучокот на Владата на РСМ, Управниот одбор на 204-та седница одржана на ден 04.01.2024 година, донесе заклучок да иницира измени на Законот за Академија за судии и јавни обвинители (Службен весник на РСМ број 129/2023), како би можел непречено да се одржи квалификацискиот испит во рамки на приемниот испит во Академијата за судии и јавни обвинители, согласно законот за Академија за судии и јавни обвинители.Измените на Законот за Академија за судии и јавни обвинители, со кои се овозможи квалификацискиот тест да се полага по писмен пат, а резултатите да се добијат со електронски читач, беа објавени во службен весник на РСМ на ден 04.03.2024 година (Службен весник на РСМ број 53/24), а по нивно стапување во сила, Управниот одбор на седница одржана на 14.03.2024 година донесе Статутарна одлука за дополнување на Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев“ (Службен весник на РСМ број 62/24) и Правилник за дополнување на Правилникот за полагање на приемен испит во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ со кои ги усогласи одредбите од подзаконските акти со одредбите од измената на Законот за Академија.На истата седница Управниот одбор констатираше дека се исполнети условите за полагање по писмен пат, а резултатите да се добијат со електронски читач и ја задолжи Приемната Комисија по излегувањето на измените на Статутот во Службен весник на РСМ да одржи седница и да донесе Временска динамика за спроведување на понатамошниот дел од Приемниот испит.

По стапување во сила на измените во Статутот, на ден 15.03.2024 година Претседателот на Приемната Комисија закажа седница на Приемната комисија за на ден 18.03.2024 година. На денешната седница Приемната Комисија утврди нова Временска динамика за спроведување на понатамошниот дел од Приемниот испит, за која напоменуваме дека е ориентациона рамка и која може да претрпи измени. Имено, иако новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители ги скрати роковите за приговор и жалба против резултатите од квалификацискиот тест и практичниот испит, а воедно приговор и жалба може да се вложи само во случај на техничка грешка со погрешно пресметан збир на бодовите, Академијата очекува правните лекови да предизвикаат мал застој во постапката, а особено од причина што, кандидатите имаат право на тужба против решението на Управниот одбордо Управниот суд и жалба до Вишиот Управен суд, постапки кои согласно Законот за Академија се итни, но имајќи предвид дека се наближува судска ферија можно е повторно да настане мал застој.

Рок во кој најрано може да се очекува кандидатите да склучат Договор за вработување со Академијата и да бидат пријавени во Агенцијата за вработување на РСМ е месец септември.

За местото, распоредот по групи и времето на полагање на квалификацискиот тест ќе бидетe дополнително известени, па затоа редовно следете ја нашата веб страница каде што навремено ќе ги добивате сите новости во врска со Приемниот испит.

Почитувани кандидати за слушатели пријавени на јавниот оглас за прием во IX генерација на почетна обука, Како што Ви е познато, тековниот Приемен испит за прием на 130

Address

BUlica Jane Sandanski Br. 12
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Академија за судии и јавни обвинители Павел Шатев posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Академија за судии и јавни обвинители Павел Шатев:

Videos

Share


Other Performance & Event Venues in Skopje

Show All