25/03/2024
Ве покануваме на третата конференција “Родителството во ХХI век” на 20.04.2024 година, за заеднички да пронајдеме одговор за прашањата со кои секојдневно се сретнуваме како (идни) родители:
– Како денеска да ги воспитуваме децата?
– Како да им помогнеме на нивниот пат за растење?
– Што да прават?
– Како да живеаат/Каде да одат?
За да најдеме одговор на овие прашања прво ние треба искрено да одговориме на истите прашања:
– Што правиме?
– Како живееме?
– Каде одиме?
За почеток треба да се погледне каде сме денес и каков е светот во кој живееме? Брзиот развој на техологијата, некако реципрочно доведе до уништување на природата, која е извор на здрава и квалитетна храна, вода и воздух. Како ја расипа хармонијата во природата, повторно, како тоа резултира со реципрочно нарушена хармонија во самиот човек, а со тоа и во општеството, односно во меѓучовечките односи.
– Дали може денешната наука да одговори на прашањата со кои се занимава, а тоа да не уклучува експерименти во кои се уништуваат билките, животните, љуѓето и природата?
– Дали може човекот познавајќи се себеси, полесно да го запознае светот кој го опкружува, чекорејќи заедно со децата на тој патот кон остварањето, каде ќе имаме обзир спрема се што не опкружува, разбирајќи дека сите сме нераскинливо поврзани?
Корен на сите нарушувања, па и болести, тоа е во нас и ништо не се случува случајно, туку со причина како постојано да учиме и да се развиваме. На оваа конференција цел е да си помогнеме едни на други во пронаоѓање на одговорите на сите прашања кои секојдневно ни се наметнуваат.
Темите на кои ќе говорат презентерите на третата конференција “Родителството во XXI век”, кои се професионалци од областа на психологијата, педагогијата, дефектологијата, итн…
– Улогата на родителот во процесот и воспитување на децата
– Булинг и справување на трауми од истиот
– Како до самостојно, самоуверено и проактивно дете?
– Прифаќање на различности (инклузија)