15/10/2022
Бруцошка забава на ФЕИТ е настан кој традиционално се организира повеќе од петнаесет години и чија првична цел беше посакување добредојде на новите студенти на кампусот на техничките факултети. Истиот отсекогаш бил организиран од страна на студентите на Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ кои волонтерски влегувале со голем елан и желба да организираат одлично добредојде за своите нови колеги. Со текот на годините оваа “забава” добива се поголема масовност со што се раѓа и идеја истата да стане и повеќе од само обична забава за нови студенти туку да биде место и простор преку кои би се пренела одредена порака. Самиот настан отсекогаш промовирал авторска музика на авторски македонски бендови од типот на Superhiks , Foltin, Luboyna Љубојна , Zad Agolot , Conquering Lion , , Pluto's Doubts , Noviot Pochetok / The Beginnings , Последен Удар и многу други, кои биле дел од главната сцена на „Бруцошка забава на ФЕИТ“ и се борел против шундот и турбофолкот кој го зафати овој дел од Балканот.
За жал остана еден од последните бастиони на авангардата во Скопје и на промоцијата на музика и дружење меѓу сите оние кои веќе се заситени од немањето на адекватно место за трошење на енергијата на музика.
Процесот на станување препознатлив бренд Бруцошка забава на ФЕИТ го направи пред точно 11 години кога група на млади ентузијасти (познати на редакцијата) започнаа со менување на целиот концепт на Бруцошка и создавање на настан препознатлив за сите генерации од 2 до 222.
Бруцошка забава отсекогаш била, е и ќе остане настан од отворен карактер, со влез бесплатен и без никакви ограничувања или забрани.
Позитивната енергија се шири единствено кога е споделена!
Денес почнува нова ера на Бруцошка забава на ФЕИТ со нови дечки и девојки, со поинаков начин на изразување кој се надеваме ќе го продолжи оригиналниот пристап кој отсекогаш го имавме.
Им посакуваме многу среќа и се гледаме вечер :D
https://www.facebook.com/events/432326575483665